Пеколно судиско продолжение, два гола и реми меѓу Рома и Милан

153

Екипите на Рома и Милан одиграа 1:1 во меч од 32.коло на Серија А. Натпреварот го одбележаа два гола и тоа во судиското продолжение на мечот. „Волчицата“ поведе со гол на Тами Абрахам во третата минута од судиското продолжение.

Но уште не се израдуваа фудбалерите на домашниот тим стигна контра удар. „Росонерите“ изедначија со гол на Салемакерс во седмата минута од судиското продолжение. Овој гол на Милан ги налути Мурињо и соиграчите затоа што сметаа дека голот требаше да биде поништен поради прекршок.

По тој гол судијата означи крај и двата тима си освоија по бод.

Милан е на четвртото место со 57 бода, а Рома е место подолу со исто бодови.

 

ПретходноЕуро Никел со цел плен од „Кале“, Гостивар поведе против Работнички!
СледноПоследното скалило за нова европска бајка (ФОТО)