ФК Пелистер со реакција: Стравувавме за нашите животи, ова е тотално нерегуларен натпревар

2210

Фудбалскиот клуб Пелистер излезе со реакција по повод случувањата на натпреварот со Тетекс во Тетово во рамките на Втората македонска фудбалска лига. Во самата завршница, Пелистер постигна гол за 1:1, по што на теренот влегоа неколку домашни навивачи и натпреварот беше во прекин. Тетекс во 105 минута постигна победнички гол, додека од битолскиот клуб реагираат на тоа што навивачите не го напуштиле теренот и манифестира,ле насилство врз службените лица.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека попладнево бевме сведоци на тотално нерегуларен натпревар, во кој бевме доведени во ситуација нашите професионалци да стравуваат за својот живот и да играат натпревар со присуство на навивачи в терен.

Сакаме да апострофираме дека по израмнувачкиот гол на Пелистер во 89. минута од натпреварот против Тетекс, на терен влегоа десетина навивачи и натпреварот немаше услови да продолжи и да се доигра. Сепак, беше донесена одлука да се игра дури и со навивачи присутни в терен, на непосредна близина од нашите фудбалери и веднаш до нашиот голман. Нашиот клуб нема никакви замерки за професионалноста на своите фудбалери, но апострофира дека денес многумина од нив стравуваа за својот живот на нерегуларниот натпревар во Тетово.

Порачуваме сериозно да се анализира нерегуларниот натпревар во Тетово и да се извлечат заклучоци зошто и како нашите фудбалери беа приморани да играат во вакви услови. Зошто делегатот дозволи натпреварот да продолжи кога навивачи влегоа в терен и физички манифестираа насилство врз службени лица.

Нема да дозволиме ваков тип на натпревари да ни станат секојдневие и ќе продолжиме со чесниот пристап за игра и однесување која му прилега на клуб како Пелистер. Чувствуваме должност ваквите девијации на нашите терени, кои никогаш не се случиле и нема да се случај кога ФК Пелистер е домаќин, да ги пријавиме на надлежните органи и јавноста и да ги заштитиме нашите професионалци”. 

 

ПретходноПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Академија ФМП направи чекор напред кон безбедната зона
СледноАталанта четврти пат по ред слави во Торино