Уште еден нов голем удар за Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер најверојатно нема да игра на УС Опен и на Мастерсот во Синсинати. Според најновите информации претседателот на САД, Џо Бајден ќе ги псолужа препораките на центарот за заразни болести и на сила ќе остане забраната за влез во земјата на секој кој не е вакциниран, открива „Дејли Мејл“.
Првиот светски рекет пропушти два Мастерс турнири во мар, не играше на Индијан Велс и Мајами поради вакцината за коронавирус. Покрај најавите дека САД конечно ќе ги олабави мерките, сепак Бајден одлучи да не се менува ништо.