Попладнево во меч од 30.коло во ПМФЛ, лидерот, тимот на Струга ТЛ ќе гостува кај Брегалница. Тоа ќе биде дуел на две квалитетни екипи, дуел од кој многу ќе зависи и битката за титулата. Стружани сега имаат само +2 пред Шкендија и затоа бодовите се императив.
Зија Мерџани, еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ пред денешниот дуел коментира:
“Како и пред секој натпревар, така и пред овој, ние сме подготвени максимално, целта е даде максимумот од нас, само така може да се дојде до бодови кај квалитетниот состав на Брегалница. Не криеме дека и во Штип одиме на победа. Нема да биде лесно. Мораме да бидеме максимално сконцентрирани, да се бориме за својот клуб“истакнува офанзивниот бек на Струга ТЛ.