Мирсад Јонуз: Се радувам на победата на мојата екипа, но жалам за Победа што испадна во Втора лига!

2804

Мирсад Јонуз, стратегот на Скопје на денешниот меч во Прилеп имаше измешани емоции. Се разбира дека на прво место му беше победата на својата екипа, но како некогашен стратег на Победа, не му беше сеедно.

Тоа е тоа, таков е фудбалот. Јасно е дека се радувам на победата на мојата екипа. Тие 0:4 дојдоа како плод на една наша доминација. Добар меч на нашата екипа. Од друга страна жалам за Победа што испадна во Втора лига. Ова што го видов денеска во Прилеп искрено ме растажи. Фудбалски Прилеп ова не го заслужува. Се надевам дека работите во клубот ќе се средат и дека повторно Прилеп ќе гледа елитен фудбал“ изјави за “Спортмедиа“, Мирсад Јонуз.

ПретходноБаерн ја победи Херта и се врати на првото место на табелата во Бундеслигата!
СледноГолем пех за Македонија, Кузмановски изнесен со носилка!