Тоа е Премиерлигата, тоа е најсилната и највозбудлива лига во светот. Затоа сите ја сакаме. Попладнево на „Енфилд“ се одигра спектакуларен меч, еден од најубавите во последно време меѓу Ливерпул и Тотенхем, кој на крајот заврши со победа на “Редси“ од 4:3. Меч кој не сакаш никогаш да заврши.
ФУДБАЛСКА ФАНТАЗИЈА.
Веќе во 15.минута домашните имаа 3:0, се најавуваше нова катастрофа на „Спарси“ како против Њукасл. Тие три гола беа дело на Џонс, Диаз и Салах.
Но гостите не се предадоа, напротив. Одиграа многу поквалитетно и прво во 39.минута Кејн намали на 3:1, за да 77.минута Сон стрелаше за 3:2. Во финишот драма, Тотенхем напаѓаше, а ја спасуваше победа. Во 90+3. минута Ришарлисон израмни на 3:3, за да во 90+5.минута Жота со гол му донесе победа на овој натпревар и пораз на Тотенхем.
На крај успеа во тоа и освои три големи бода во битката за пласман во Лигата на Шампионите.