Тулуз го освои Купот на Франција, но не може да игра во Европа поради правило на УЕФА

2138

Екипата на Тулуз го освои Купот на Франција со што автоматски му гарантира и настап во Лига Европа идната сезона. Меѓутоа тоа може да не се случи поради правило на УЕФА.

Имено Тулуз е во сопственост на „RedBird Capital Partners“, приватна американска инвестициска компанија која исто така поседува акции во полуфиналистот во ЛШ, Милан.

А УЕФА не дозволува два клуба со ист сопственик да играат во Европа, иако тие би играле во различни натпреварувања. Милан може да заврши како трет во групите на ЛШ, па треба да продолжи во ЛЕ и на тој начин би го имале Тулуз за потенцијален ривал, се разбира ако француската екипа ја помине групата.

За да се разреши ситуацијата „RedBird“ мора да се повлече од еден од клубовите за и двата да можат да бидат во Европа. Сличен проблем имаше Ред Бул во 2017 година. Тие беа сопственици на Салцбург и Лајпциг. Па мораше да направи промени во сопственичките структури за да можат двата клуба да играат во европските купови.

Ако „RedBird“ не сака да се откаже тогаш би го избрал Милан, клуб со поголемо реноме и квалитет пред Тулуз кој прв пат во својата 53 годишна историја го освојува трофејот во Купот и е на 12 позиција во Лига 1.

ПретходноРоналдињо оваа година ја стартува Светската лига на уличен фудбал
СледноБањаја е победник на трката во Шпанија