Бабунски со нов гол за нов триумф на Дебрецин (ВИДЕО)

136

Доријан Бабунски продолжува пролетва да ја гаи својата невидена форма. Истата е олицетворена во веќе двоцифрен број на голови сезонава, што секако е ектра изведба за еден наш интернационалец.

Бабунски попладнево е стрелец во победата на својот Дебрецин над тимот на Мол од конечни 2:0.

Нашиот репрезентативец погоди во 52. минута, го отвори резултатот, а потоа Боди ги постави конечните 2:0.

Ова е единаесетти гол на Бабунски во овогодинешниот шампионат на Унгарија, а летово тој очигледно дека ќе има голем број на понуди да го направи трансферот на кариерата.

Претходно“Сантијаго Бернабеу“: Синоќа теренот беше “зелен тепих“, а утринава ораница! (ФОТО)
СледноПМФЛ: Четири меча и четири победи на гостите, Струга ТЛ со стил протатне низ Штип, супер-Скопје ја испрати Победа во ВМФЛ!