Кузмановски: Сакаме да победиме за Гоце, да не заборавиме што има направено за репрезентацијата!

204

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра последниот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2024 година. Турција е противникот на избраниците на Кирил Лазаров. Желбата кај сите е една – победнички да се заврши овој циклус и заедно со фановите да се прослави седмото учество во низа на континенталните натпреварувања, вкупно осмо во историјата.

 „И пред почетокот на овој квалификациски циклус кажав дека со Португалија ќе се бориме за првото место во групата. Имаме респект кон секој противник, како за Луксембург, така и за Турција, одиме максимално на секој натпревар. Играме пред домашна публика се надевам дека денеска ќе не поддржи во голем број.

Посветени сме максимално, сакаме победнички да го завршиме овој циклус. Мора да победиме и за Гоце Георгиевски, не треба да заборавиме колку има направено за македонската репрезентација. Сакаме победата за да биде еден подарок од нас за него, заедно пред домашната публика да се радуваме“, изјави за СПОРТМЕДИА, Филип Кузмановски.

Промената на генерации која претходно се најавуваше веќе речиси е целосно спроведена, искусните имиња по овој квалификациски циклус ќе бидат многу малку. Кузмановски вели дека фалат оние покрај кои израснаа, но мора да се одиме понатаму, верува дека со текот на времето ќе има нови лидери и икони.

„Долго време се случуваше промената на генерација. Беше убаво кога за момент се врати и Миркуловски, секако дека фали нивното искуство, поддршката. Но, времето поминува веќе не сме толку млади, сите сме речиси на исто годиште со исклучок на Никола Маркоски.

Морам да кажам дека бевме навикнати на поискусните, израснавме со нивната поддршка, сепак мора да се адаптираме, одиме напред, ќе има нови лидери, нови икони…“, заврши членот на Вецлар и еден од ретките кои настапува во странство од овој состав на македонската репрезентација.

ПретходноЧави за најмладиот дебитант: Јамал е како Меси, ќе видите!
СледноИнтер слави на “Меаца“: Под Везув “ГОРИ“, Елмас и Наполи ставаат печат на титулата! (ВИДЕО)