Лазаров: Честитки за момците, но има работи кои веќе нема да ги толерирам

1904

Селекторот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров, по мечот им честиташе на ракометарите за извојуваната победа над Турција, но спомена дека некои работи кои ги виде вечерва не му се допаднаа, па во иднина ќе мора да се направат некакви промени.

„Ние бевме фаворити на хартија. Меѓутоа не е оваа истата Турција со која игравме на гости. Имаат неколку нови играчи, почувствував во последните два дена дека не сме доволно фокусирани. Уште еднаш се покажа дека против кој било противник мора да бидеме подготвени за борба. Успеавме да се вратиме од минус 4 до плус четири. Тоа е одлика на големи екипи. Увидов неколку работи и во иднина ќе размислам кого ќе повикам во македонскиот национален дрес. Јас им верувам на сите, давам шанси, но сега ми се отворија очите, затоа што работи кои се повторуваат треба да се решаваат. Честитки за момците, сепак, не е сеедно да се победи ваква селекција. Доста работи ќе мора да смениме во иднина. Не е дека не сум задоволен, но имам некоја визија плус“, вели Лазаров.

ПретходноТурција на „колена“, Македонија победнички завери билет за Европското првенство 2024 (ФОТО)
СледноФилип Талески: Убаво е што го испративме Гоце со победа, повредата на Кузмановски беше голем пех за нас!