Кошаркарите на Мајами поведоа во полуфиналната серија од Источната конференција откако вечерва славеа на првиот меч во Њујорк. Тимот од Флорида беше подобар од Никс со резултат 108:101.
Тимот на Том Тидобо имаше +13, но оваа предност се „стопи“ до полувремето, но потоа Мајами направи и целосен пресврт и предност која не ја испушти до крајот.
Во средината на четвртата четвртина Џими Батлер заработи повреда при резултат 95-90. Батлер куцаше за да остане на теренот, но Никс стигнаа до 95-92. За да избегнат драма, избраниците на Ерик Сполстра направија серија 12:2 и практично го решија мечот.
Џими Батлер со 25 поени, 11 асистенции и четири скока беше најдобар кај победниците. Винсент со 20 поени и пет асистенции и Кајл Лаури со 18 поени беа исто така во одлично издание.
За Њујорк најдобар беше Берет со 26 поени, девет скока и седум асистенции.