МЗТ Скопје А. се разбуди на полувреме и од -10 дојде на +14

110

Очајно прво и извонредно второ полувреме им ја донесе очекуваната победа на актуелните шампион МЗТ Скопје А. во првиот четвртфинален меч со екипата на Кожув. Иако според сите очекувања мечот требаше да биде лесна задача за фаворитот, гевгеличани одиграа едно од своите најдобри полувремиња сезонава и го ставија домашниот тим под голем притисок.

Кожув почна моќно и го изненади домаќинот во првите 20 минути особено беше плодна втората чтвртина која Кожув ја доби со 24:16 и најави дека може да се случи големо изненадување.

Сепак, по паузата, шампионот се врати во препознатливиот ритам. На „крилата“ на браќата Војдан и Дамјан Стојановски кои мечот го завршија со 50 поени, домашните комплетно го свртеа мечот во своја полза. Во третиот период МЗТ Скопје А. славеше со 24:6, а иако изгледаше дека Кожув може да задржи свежина за борба во последниот период, во финишот домаќинот ги стави работите во очекувана насока.

Војдан Стојановски заврши со 29 поени, додека Дамјан Стојановски постигна 21 поен за МЗТ Скопје А. Кај Кожув, Гордон со 21 поен беше одличен.

ПретходноЧаир направи уште еден чекор кон опстанок во елитата
СледноСите 24 патници на ЕП 2024!