Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на уште едно големо натпреварување и потсети зошто е најдобриот национален тим во нашата земја. Македонија ќе биде дел од ЕП 2024 година, ова седмо учество по ред на континенталните натпреварува, вкупно осмо во историјата.
На овој успех секако најмногу се израдува човекот кој на сите репрезентативци им ги нуди најдобрите услови. Живко Мукаетов, веднаш по триумфот над Турција се симна кај ракометарите, традиционално во соблекувалната им се обрати на играчите и стручниот штаб, а потоа испрати кратка порака на својот „Инстаграм“ профил.