Победата на МЗТ Скопје А. во сенка на неспортскиот потег на Николиќ (ВИДЕО)

774

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. денеска славеа над Кужов во првиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот, но по мечот низ медиумите и кај нас и во соседството во фокусот беше домашниот тренер Драган Николиќ.

Кон средината на втората четвртина Николиќ втрча во теренот и се обиде да спречи контранапад, откако претходно протестираше кај судиите. Николиќ мораше да го напушти теренот и остатокот од натпреварот да го помине во соблекувалната, исто како и Абу кој истрча од клупата.

ПретходноМајами славеше во првиот меч во „Медисон Сквер Гарден“ против Никс
СледноДојдоа на 5 бода од ПСЖ: Олимпик (М) со пресврт до победа