Полувреме: Македонија – Турција (15-15)

97

Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Турција има егал 15-15. Ова е последен меч од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Голем пех за селекторот, Кирил Лазаров е што остана без Филип Кузмановски, кој беше изнесен на носилки, првичната слика е дека го повреди десниот скочен зглоб.

Со голот на Ѓоргиев, нашите момци го отворија мечот, Јагуриноски и Петар Атанасијевиќ не реализираа чисти шутеви, па Турција поведе со 1-2 во четвртата минута. Момент по кој ракометарите направија серија од 5-1 за 6-3 во 12 минута. Серафимов, Петар Атанасијевиќ, Маркоски, Георгиевски и Кузмановски беа креатори на овој налет, две важни одбрани имаше Томовски.

Кузмановски со вториот седмерец зголеми на највисоки 9-5 на средината на првото полувреме. По 10-6, падна концентрацијата, па гостите со три гола во низа дојдоа на 10-9.

Во 22 минута, Лазаров остана на теренот без Филип Кузмановски, кој се здоби се повреда, лошо нагазна, па мораше да биде повлечен од теренот со носилка.

Како овој момент да ги пресече нашите момци, па Турција успеа да израмни на 13-13. Серафимов и Талески зголемија на 15-13, но ниту тоа не беше доволно. Следеа два нови гола на гостите за 15-15. Ова беше резултатот со кој се замина на одмор.

ПретходноГолем пех за Македонија, Кузмановски изнесен со носилка!
СледноЛориен го декласираше ПСЖ среде Париз, Мбапе го постигна најсмешниот гол во кариерата! (ВИДЕО)