ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Стружанки изедначија против Бадел!

73

Кошаркарките на Струга 2009 го добија и вториот меч против Бадел 1862, пред своја публика славеа со 79-61 и изедначија на 2-2 во полуфиналната серија. Патникот во финалето ќе биде решен со „мајсторка“, а таму чека Баскет Кам.

Стружанки одиграа уште еден одличен натпревар против актуелниот шампион до полувремето беше 39-31. Пресудна беше третата четвртина во која домаќинот дојде до позитива од 60-43, која до крајот не беше тешко да се одржи.

Американката Ли имаше дабл-дабл од 26 поени и 14 скока, Хадиса Зендели запиша 15 поени. На другата страна Марија Димитријевиќ беше стрелец на 23 поени и 7 скока.

ПретходноБајден повторно направи проблем, Ѓоковиќ го пропушта УС Опен?
СледноПоследниот „танц“ на Гоце Георгиевски: Националниот дрес секогаш бил светост за мене!