ПСВ втора година по ред го освои холандскиот куп!

142

Фудбалерите на ПСВ се новите освојувачи на Купот на Холандија. По голема драма која по 120 минути игра заврши нерешено 1:1, за победникот одлучуваа пеналите.

Ајакс беше подобар во првото полувреме, но не создаде многу шанси за гол. Сепак, на две минути до паузата, Ајакс поведе. Тадиќ му ја додаде топката на Бергваин кој се обиде да шутира, топката го смени правецот удирајќи во Братвајт и на крајот влезе во голот.

Во продолжение ПСВ успеа да израмни. Тоа го направи Торган Азар во 67. минута кога ја искористи лошата поставеност на играчите на Ајакс. Во пенал-серијата во петтата серија, Алварез промаши за Ајакс, додека Фабио Силва погоди за ПСВ за голема радост на момците од Ајндховен.

За ПСВ ова беше 11. трофеј од Купот.

ПретходноРистовски и Динамо (З) ја прославија новата шампиoнска титула
СледноМајами славеше во првиот меч во „Медисон Сквер Гарден“ против Никс