Роналдињо оваа година ја стартува Светската лига на уличен фудбал

157

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо на крајот на 2023 година ќе ја стартува Светската лига на уличен фудбал, со цел на младите играчи да им овозможи шанса да ги покажат своите вештини и да го следат патот до фудбалските височини.

Организаторите потврдија дека уличната светска лига ќе почне на крајот на 2023 година, а на почетокот ќе има пробен процес на социјалните мрежи, каде сите играчи на уличниот фудбал ќе имаат можност да ги постават своите најдобри вештини и трикови, во борба да се изборат за шанса во еден од тимовите кои ќе се натпреваруваат во лигата.

Меѓусебните натпревари и натпреварите во вештини ќе се одржуваат во големите градови ширум светот.

Се уште не се знае точниот датум на почнување на лигата ниту локацијата на првиот настан. Инаку Роналдињо во овој проект влезе со поранешниот играч Роберто де Асис Мореира и Софи Вотс.

ПретходноЕксплозија на “Диего Марадона“ во Неапол по оние 3:1 за Интер! (ВИДЕО)
СледноТулуз го освои Купот на Франција, но не може да игра во Европа поради правило на УЕФА