Јувентус освои само бод на гостувањето кај Болоња играјќи 1:1 во дуелот од 32. коло во италијанската Серија А. Торинскиот гигант четврти натпревар по ред е без победа и сериозно е загрозена позицијата која води во Лигата на шампионите.
Орсолини со гол од пенал им донесе водство на домашните уште во 10. минута од мечот. По примениот гол „Старата дама“ се разбуди. Гостите од Торино создадоа голем број одлични шанси, а Аркадиуш Милик промаши пенал во финишот на првиот дел.
Сепак, полскиот напаѓач успеа во 61. минута да се искупи за промашувањето на пеналот и со убав гол израмни на 1:1.
GOAL | Bologna 1-1 Juventus | Milikpic.twitter.com/lVSA6nozb2
— VAR Tático (@vartatico) April 30, 2023