Спектакл на “Енфилд“: Ливерпул во 15.минута имаше 3:0, во 90+3. беше 3:3, а во 90.+5.минута 4:3 и пораз на Тотенхем! (ВИДЕО)

399

Тоа е Премиерлигата, тоа е најсилната и највозбудлива лига во светот. Затоа сите ја сакаме. Попладнево на „Енфилд“ се одигра спектакуларен меч, еден од најубавите во последно време меѓу Ливерпул и Тотенхем, кој на крајот заврши со победа на “Редси“ од 4:3. Меч кој не сакаш никогаш да заврши.

ФУДБАЛСКА ФАНТАЗИЈА.

Веќе во 15.минута домашните имаа 3:0, се најавуваше нова катастрофа на „Спарси“ како против Њукасл. Тие три гола беа дело на Џонс, Диаз и Салах.

Но гостите не се предадоа, напротив. Одиграа многу поквалитетно и прво во 39.минута Кејн намали на 3:1, за да 77.минута Сон стрелаше за 3:2. Во финишот драма, Тотенхем напаѓаше, а ја спасуваше победа. Во 90+3. минута Ришарлисон израмни на 3:3, за да во 90+5.минута Жота со гол му донесе победа на овој натпревар и пораз на Тотенхем.

На крај успеа во тоа и освои три големи бода во битката за пласман во Лигата на Шампионите.

ПретходноЛориен го декласираше ПСЖ среде Париз, Мбапе го постигна најсмешниот гол во кариерата! (ВИДЕО)
СледноТурција на „колена“, Македонија победнички завери билет за Европското првенство 2024 (ФОТО)