Феникс 2010 без сили за изненадување: Пелистер тргна со победа во четвртфиналето

91

Во драматичен и неизвесен меч до самиот крај, кошаркарите на Пелистер ја остварија првата победа над екипата на Феникс 2010 во четвртфиналната серија на домашната кошаркарска сцена.

Во првиот плеј-оф дуел, битолчани пред своја бублика славеа со 90:86 и ја поведоа низата во дуел со еден од тимовите кои имаат одлична сезона зад себе. Фениск 2010 покажа дека ќе биде сериозен ривал за Пелистер уште во првиот период кој го доби со 24:23,  но домашните заиграа одлично во вториот период кој го добија со +8 и успеаја да заминат на пауза со предност (49:42).

Во вториот дел Феникс 2010 повторно тргна подобро истигна до намалување на негативата на пет поени пред стартот на послендите 10 минути. Мечот влезе во неизвесна завршница кога на 1 минута пред крајот гостите намалија на 87:84, но потоа следуваше тројката на Карутерс, која се чини го реши победникот на мечот.

Кај Пелистер средбата како прв поентер ја заврши Стајиќ со 22 поени, додека Хаџифејзовиќ и Карутерс застанаа на по 17 поени. Кај гостите Митревскис е издвои од одтснатите со 28 поени.

ПретходноМукаетов прв им честиташе на ракометарите, посебни почести за Георгиевски (ФОТО)
СледноГоце Георгиевски: Беше тешко, емотивно бев испразнет! Среќен сум што со победа се простив!