Филип Талески: Убаво е што го испративме Гоце со победа, повредата на Кузмановски беше голем пех за нас!

822

Македонија ја победи Турција со 30:27 и со тоа да стави печат, да се завери со триумф пласманот на ЕП 2024. Филип Талески, како и секогаш и сега го даде максиумот, тој беше еден од оние кои и тоа како помогнаа оваа средва да се добие.

По мечот Талески изјави, прво за Кузмановски, односно за повредата на нашиот бек.

Она што се случи со Кузмановски, тој пех, навистина е лошо за нас.Се надевам дека нема да биде ништо страшно, дека ќе биде само една обична дисторзија. Тој многу значи за оваа репрезентација“.

Македонија имаше негатива, но се врати и на крај успеа да победи.

Ние покажавме дека можеме, од негатива од 4 разлика, се вративме. За нас тоа е еден показател дека треба да веруваме во себе и дека можеме да играме против секого. Во денешно време е тешко да се победи било кого, сите напредуваат, сите играат ракомет, сите вложуваат. Добро е што се надополнуваме еден со друг и најважно е што го задржавме тој континуитет на учество на големите натпреварувања“.

Убаво е што Георгиевски е испратен со победа:

Сакавме Гоце да го испратиме со победа, тоа ни беше притисок можеби. Така да овој меч за нас беше тежок, емоционален. Среќни сме што му приредивме победа“ рече на крајот Филип Талески.

ПретходноЛазаров: Честитки за момците, но има работи кои веќе нема да ги толерирам
СледноМукаетов прв им честиташе на ракометарите, посебни почести за Георгиевски (ФОТО)