Барселона го победи Бетис со 4:0 и се врати на победничките патеки по поразот од Рајо Ваљекано во минатото коло. Тренерот Чави Ернандез на мечот му даде шанса на младиот Ламин Јамал кој стана најмладиот дебитант за Барселона во меч од Ла Лига со 15 години 9 месеци и 16 денови.
Јамал играше во финишот, а имаше една супер асистенција и се најде во супер шанса за гол, но ударот му го одбрани голманот. Чави беше импресиониран од дебито на младиот фудбалер.
„Ламин е многу добар. Му кажав да проба да биде опасен, а тој го направи тоа. Замислете, има само 15 години. За малку ќе дадеше и гол. Кога го гледам на тренинзи чувствувам дека тој може да стане важен фудбалер за нас. Полн е со самодоверба. Тој е сличен на Меси. Ќе видите, тој може да одбележи една ера во Барселона“, изјави Чави.
Јамал е роден во малото каталонско гратче Матаро од татко Мароканец и мајка од Екваторијална Гвинеја. Тој пораснал во Ла Масија, популарната младинска школа.