Кошаркарите на Чаир направија уште еден чекор до опстанокот во кошаркарската елита. Денеска во меч од плеј-аут зоната, Чаир славеше над Струмица со 95:88.
Се играше израмнето во првото полувреме во кое домаќините повеќе пати имаа предност. Сепак, по петте по ред поени на Мустафица, особено тројката „преку цел терен“, чаирчани заминаа со плус од пет поени (50:45) на одморот.
Слично се одвиваа настаните и во второто полувреме. Во неколку наврати чаирчани знаеја да се „одвојат“. На почетокот на последниот дел имаа и плус осум поени (76:68). Но упорните гости наоѓаа начин(и) како да се вратат во игра за позитивен резултат. На крајот сепак победата остана во Скопје.
Цуцковиќ со 25 поени, Роби и Александровски со по 22 беа најефикасни кај Чаир. Кај Струмица Обиквели постигна 23 поени.