Ете, и тоа се случи. Наполи одигра само 1:1 со Салернитана, освои само бод и затоа го одложи шампионското славје за 4 мај кога во Удине најверојатно ќе ја прослави круната.
А за ова виновна е Салернитана, која во 84.минута преку Диа дојде до бод, и така ги шокираше сите на преполниот “Диего Армандо Марадона“. За Наполи за 1:0 стрелец беше Оливера.
На шест кола до крајот Наполи има 18 бодови предност, но недистига уште само еден бод.
Штета, денеска и вечерва нема да се слави титулата под Везув, а се беше подготвено.
Да кажеме дека Елмас влезе во игра во второто полувреме.
На другите два меча Кремонезе и Верона одиграа 1:1, а Сасуоло со 2:1 го победи Емполи.