Екипата на Манчестер Јунајтед направи голем чекор кон квалификувањето во Лигата на Шампионите следната сезона откако на домашен терен предмалку ја совлада екипата на Астон Вила. Во дуел во кој реално доминираше, особено во првиот дел, конечните 1:0 се дело на Бруно Фернандеш кој погоди на одбиената топка и шутот на Маркус Рашфорд во првиот дел.
Од друга страна пак, Елинг Халанд со погодокот од пенал стигна до бројката 50. погодови сезонава, и беше дел од победата на неговиот Манчестер Сити над Фулам на негов терен од конечни 1:2. Алварез го постигна вториот гол за гостите.
Борнмут ја продолжи агонијата на тимот на Лидс во финишот на сезоната и триумфираше со 4:1, а Њукасл исто така го искористи домашниот терен и победи со 3:1 над Саутемптон.