Баерн ја победи Херта и се врати на првото место на табелата во Бундеслигата!

66

Баерн Минхен и тоа како го искористија подарокот кој што им го даде Борусија Дортмунд со ремито во петокот кај Бохум. Попладнево на свој терен, екипата на Минхен се изнамачи со Херта, но сепак успеа да победи со 2:0, да освои три бода и со тоа да се врати на чело на табелата. Сега Баерн Минхен има 62 бода, а Дортмунд еден помалку по ова 30.коло.

Да кажеме дека стрелци на головите за Баерн Минхен беа Гнабри во 69. и Коман во 79.минута.

ПретходноСекоја чест: Капитенската лента за Гоце Георгиевски!
СледноМирсад Јонуз: Се радувам на победата на мојата екипа, но жалам за Победа што испадна во Втора лига!