Селекторот Кирил Лазаров во продолжение на мечот против Турција нема да смета на еден од поискусните во нашиот состав, Филип Кузмановски.
Во 22. минута нашиот репрезентативец беше изнесен на носилка, откако незгодно доскокна. Кузмановски првично изгледа дека го повреди десниот скочен зглоб, но најстрашното сценарио да не биде ахиловата тетива. Веднаш е пренесен на прегледи, па информаиците ќе бидат познати нешто подоцна. Да се надеваме дека нема да биде ништо сериозно.