Здравков: Ослабени го дочекуваме лидерот, Брегалница ќе го даде максимумот!

408

Брегалница беше поразена на последните два меча и тоа против екипите кои се борат за титулата, прво од  Шкендија а пред неколку дена и од Шкупи. Денеска тимот на Горан Здравков го дочекува лидерот, тимот на Струга ТЛ.

Ова ќе биде уште еден голем предизвик за младиот состав на штипските “сини“, кои оваа пролет одиграа навистина добро, ако не се сметаат последните два меча, иако и на тие натпревари “сините“ имаа добри моменти.

За денешниот дуел со стружани, свој коментар за “Спортмедиа“ има Горан Здравков, шефот на струката на штипскиот тим:

“Тежок меч за двете екипи, многу важен меч и за двете екипи исто така. За жал ние ќе бидеме ослабени, поради пет жолти картони нема да може да сметаме на Ристевски и Ѓорѓиев, како и Хаџановиќ. Сепак Брегалница ќе го даде својот максимум, ќе се обидеме да извлечеме добар резултат. Добро знаеме кој ни гостува, но како што реков, Брегалница ќе одигра најдобро што може во овој момент“ изјави Здравков.

ПретходноМерџани: Струга ТЛ и во Штип ќе оди на победа!
СледноЛазаров со промени во составот, Томовски на местото на Митревски против Турција!