Лазаров со промени во составот, Томовски на местото на Митревски против Турција!

356

Македонската ракометна репрезентација дене ска во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува Турција во рамките на последното квалификациски коло за пласман на Европското првенство 2024 година.

Пласманот математички е обезбеден, останува да се стави победнички печат и да се продолжи трендот кој трае веќе 11 години, редовен пласман на сите големи натпреварувања.

Од 2012 година па навака, Македонија е дел од сите Европски и Светски првенства. Кога сме кај континенталните натпреварувања, ЕП 2024 година ќе биде седмо по ред, вкупно осмо во историјата на овој национален спорт, кој не случјано е најуспешен во нашата земја.

Избраниците на Кирил Лазаров имаат „подлога“ за нова голема победа. Ќе играат пред полни трибини, поддршката од фановите во сите битки била најважна, така и ќе биде и денеска во 18 часот.

Предводникот на нашиот национален тим за оваа средба направи промени во составот. За голот на Македонија ќе бидат задолжени Мартин Томовски и Марко Кизиќ, двајцата ќе го заменат искусниот Никола Митревски.

Турција доаѓа со неколку промени за разлика од првата средба која Македонија на гостински терен ја доби со 36-27. Селекторот, Окан Халај го повика Рамазан Доне, кој ќе наполни 42 години, и Дорук Пелицан, кој не играше на првиот меч.

Овој меч ќе биде посебен не само поради пласманот на ЕП 2024 година, туку и поради збогување на Гоце Георгиевски со националниот дрес. Па токму затоа мотивот кај сите е поголем, сите сакаат искусното крило да има убави спомени од овој ден.

Што се однесува до меѓусебните дуели меѓу Македонија и Турција. Нашите ракометари никогаш немаат загубено од оваа земја, ги добиле сите шест официјални мечеви.

За разлика од Македонија, Турција никогаш нема играно на едно континентално натпреварување.

ЕХФ како и секогаш, така и овој пат, последното коло го закажа во ист ден и во ист термин.

ПретходноЗдравков: Ослабени го дочекуваме лидерот, Брегалница ќе го даде максимумот!
СледноПМФЛ: Силекс ќе го предизвика Шкупи, лидерот мора до три бода во Штип,“пиратите“ на гости под Маркови Кули!