Перез најбрз на Формула 1 трката во Баку

111

Серхио Перез е победник на трката во Баку за големата награда на Азербејџан во рамките од новиот Формула 1 шампионат.

Во одлично извозена улична трка во Баку, Перез заврши прв пред второпласираниот Макс Ферстапен, додека пак трет на оваа етапа заврши Шарл Леклер.

Уште еднаш се покажа дека првичниот стартен распоред воопшто не е гаранција за конечен пласман.

Ова е шеста победа во кариерата на Чеко Перез и втора во Азербејџан и го комплетира совршениот викенд за Мексиканецот, кој вчера победи и во спринтерската трка.

 

ПретходноИнтер слави на “Меаца“: Под Везув “ГОРИ“, Елмас и Наполи ставаат печат на титулата! (ВИДЕО)
СледноЕксплозија на “Диего Марадона“ во Неапол по оние 3:1 за Интер! (ВИДЕО)