ПМФЛ: Четири меча и четири победи на гостите, Струга ТЛ со стил протатне низ Штип, супер-Скопје ја испрати Победа во ВМФЛ!

744

Податок за Рипли кога станува збор за нашата Прва лига, за четирите денешни меча од 30.коло. Не само што гостите победија на сите, туку домашните успеаја да постигнат само еден гол.

Се разбира дека тука не ја сметаме вчерашната средба меѓу Шкендија и Македонија ЃП 3:1.

А попладнево гостите “царуваа“. Лидерот Струга ТЛ одново одигра одлично и со стил протатне низ Штип, триумф над домашната Брегалница со 0:3. Убави голови на Малески, посебно Ибраими и Радески.

Па така лидерот на три кола до крајот повторно има +5 пред Шкендија и +7 пред Шкупи. Веројатно следниот викенд ќе се слави историска титула во Струга.

Во дербито во Кратово, Шкупи со 0:2 успеа да слави кај Силекс. Цефас и супер голот на Алварез, сосема доволно за три бода.

Работнички со 1:3 го декласираше Тиквеш на негов терен. Покрај овие три гола, гостите имаа уште неколку зицери, за уште поубедлив триумф. Маркоски, Гандо и Велкоски кај гостите, Ивановски стрелаше за Тиквеш.

Супер-Скопје, феноменален настап на “пиратите“ и триумф среде Прилеп со 0:4. Омерагиќ, Тодоров, Хајдари и Даци и официјално ја испратија Победа во Втора лига.

И дефинитовно “најфудбалскиот град“ остана без елитен фудбал.

РЕЗУЛТАТИ – 30.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0:3

(/Малески 9., Ибраими 45., Радески 48.)

ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0:4

(/Омерагиќ 35., Тодоров 38., Хајдари 75., Даци79.)

СИЛЕКС – ШКУПИ 0:2

(/Цефас 49., 67.)

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 1:3

(Ивановски 90./Маркоски 21., Гандо 42. Велкоски 70./)

ВЧЕРА:

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:1

А.ПАНДЕВ (СЛОБОДНА)

ПретходноБабунски со нов гол за нов триумф на Дебрецин (ВИДЕО)
СледноСекоја чест: Капитенската лента за Гоце Георгиевски!