Кунде ограбен за време на натпревар

113
Mandatory Credit: Photo by Urbanandsport/NurPhoto/Shutterstock (13892387af) Jules Kounde during the match between FC Barcelona and Real Betis Balompie, corresponding to the week 32 of the Liga Santander, played at the Spotify Camp Nou Stadium, in Barcelona, on 29th April 2023. FC Barcelona v Real Betis - LaLiga Santander, Spain - 29 Apr 2023

Викендот тимот на Барселона одигра одличен меч на домашен терен против Бетис кој го доби со високи 4:0. Во колективно добрата партија секако учевстуваше и Џулс Кунде, кој по натпреварот доживеа неочекуван шок.

При враќањето во својот дом, тој дознал дека е ограбен, а криминалците однеле многу вредни предмети, како накит, пари, и облека. Секако, полицијата веднаш била информирана, но сторителите според медиумите во Шпанија сеуште не се фатени.

Ова не е прв случај на грабеж на фудбалер за време на натпревар, тактика која што многу често ја практикуваат криминалците во Англија врз играчите во Премиер лигата.

 

ПретходноСредба на Динамо и БББ… Стефан Ристовски како водач на навивачите (ВИДЕО)
СледноМендеш со трансферот на Ансу Фати ќе го “финансира“ враќањето на Лео Меси во Барселона!