Мартин Серафимов е четвртти најдобар изведувач на седмерци во квалификациите!

152

Мартин Серафимов, квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година ги завршува како четвртти најдбар изведувач на удари од седум метри. Младиот македонски репрезентативец се најде на четвртото место во овој поредок со 13 гола од 16 обиди, односно 81,2%.

Најдобар на оваа Топ листа е Јакуб Хрстка со 20 гола од 22 обиди, втор е Роберт Вебер, додека на третото место пред Серафимов е Кaј Смитс.

На крајната статистика по завршување на квалификациите добро котира и Филип Кузмановски, тој е 11-ти во оваа конуренција со 17 асистенции на шест меча. Кога сме кај Кузмановски тој е најдобриот стрелец во редовите на Македонија, настапи на сите шест меча и постигна 44 гола. Оваа бројка можеше да биде поголема, но во 22 минута против Турција се повреди.

Македонија своите противници на ЕП 2024 година ќе добие на 10 мај, истите ги чека од третиот шешир.

ПретходноМарка: Реал го чека „пекол“ во Белград
СледноЛокомотив Кубањ ги елиминираше Рајковиќ и ЦСКА!