Станковиќ ќе ја води Сампдорија до крајот на сезоната

134
Sampdoria | Stankovic - Ritratti Dejan Stankovic (allenatore Sampdoria)

Иако по дебаклот во дуелот против Фиорентина и поразот од 5:0, Дејан Станковиќ су поднесе оставка на кормилото на тимот ор Џенова, сепак, водството на клубот реши истата да не ја прифати.

Поточно, Станковиќ иако поднесе оставка сепак, ќе остане до крајот на сезоната да го води клубот кој во моментов е последнопласиран во Серија А.

Има само 17 бодови и ќе треба да се случи вистинско чудо за Сампдорија да не испадне во Серија Б.

Управата на клубот очигледно и нема друго решение во моментов па го задржува Станковиќ како тренер, а неговиот договор автоматски се раскинува доколку клубот испадне од лига.

 

ПретходноДавидовски истуркан од патеката на трката во Португалија!
СледноСредба на Динамо и БББ… Стефан Ристовски како водач на навивачите (ВИДЕО)