Баерн (М) и Манчестер Ј. се „степаа“ за Коло Муани

529

Рандал Коло-Муани е на крстопат меѓу Минхен и Манчестер. Скоро сите германски и англиски весници денеска пишуваат дека Французинот веќе е во контакт со Баерн околу евентуален трансфер, но со понуда се јави и Манчестер Ј. кој во него гледа нова летна аквизиција.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, тимот од Минхен веќе почнал да контактира со претставниците на напаѓачот и засега се оди добро. Во исто време, Манчестер Ј. се јавил за да понуди своја цена за трансфер на ѕвездата на Ајнтрахт. „Скај Спорт“ пишува дека Манчестер Јунајтед дурии има предност во преговорите за него, затоа што фудбалерот сака трансфер во Премиер лигата.

Ајнтрахт е свесен дека Комо-Муани најверојатно ќе мора да си замине. Се очекува дека реалните барања на тимот од Франкфурт за слободата на Французинот да бидат под 100 милиони евра, плус бонуси. 24-годишниот фудбалер сезонава постигна 13 гола на 28 натпревари.

ПретходноЛестер го продава Медисон за 45 милиони фунти
СледноЛестер и Евертон поделија по бод и останаа во „црвената зона“ (ВИДЕО)