Интересен момент се случи вчера во финишот на мечот меѓу Болоња и Јувентус. Макс Алегри, стратегот на гостите дојде до аут – линијата и почна да “урла“ по Душан Влаховиќ, веројатно нешто да му каже што треба да прави Србинот. Тоа сите го слушнаа, сите на стадионот и гледачите покрај ТВ екраните, но не и самиот фудбалер, кој не се ни сврти кон својот тренер. А секако дека слушна дека до него беа повиците од страна на Алегри.
Овој потег и дефинитивно кажува дека Алегри нема веќе авторитет кај своите играчи.
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) May 1, 2023