За мизерниот потег Николиќ ќе добие жестока казна!

2487

МЗТ Скопје во продолжение на битката за одбрана на титулата со сигурност ќе биде без својот прв тренер, Драган Николиќ. Српскиот стратег направи мизерен потег, кој далеку треба да биде слика на човек кој води клубот како што е МЗТ Скопје.

На првата четвртфинална пресметка против Кожув, незадоволен од поради недосуден прекршок над Робев, влета на терен и го собори противничкиот играч спречувајќи напад на гостите. Николиќ мораше да го напушти теренот и остатокот од натпреварот да го помине во соблекувалната, исто како и Абу кој истрча од клупата.

Србинот сигурно нема да се спаси со еден меч суспензија, се очекува веќе утре комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ да го изготви билтенот, а Николиќ да остане на „ладење“ најмногу седум меча. Во еден ваков случај неговото место ќе го земе Васко Атанасов, кој во отсуство на Николиќ се покажа како надежен тренер со голема визија и квалитети.

ПретходноЧурлинов може да се врати во Шалке само по еден услов!
СледноЕве зошто е „златна кокошка“: Агентите на фудбалерите на ПСЖ за една година инкасирале 40 милиони евра!