Џејмс Медисон, наводно, ќе биде продаден ова лето, дури и ако Лестер избегне испаѓање од Премиер лигата.
26-годишниот фудбалер имаше најмногу гол придонеси за „Лисиците“ оваа сезона, а девет пати ја погоди и мрежата на противничките екипи, надополнета со седум асистенции.
Како што објави британски „Телеграф“ , Лестер најверојатно ќе ја продадат својата ѕвезда, затоа што се реални дека уште само ова лето можат да добијат голема сума на средства за него. Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Њукасл се меѓу „најзагреаните“ за неговиот потпис. Претпоставките се дека за договорот на Медисон кој истекува следното лето Лестер ќе бара од 45 до 60 милиони фунти.