Лестер и Евертон поделија по бод и останаа во „црвената зона“ (ВИДЕО)

79

Лестер и Евертон ремизираа 2:2 во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата одигран вечерва на „Кинг Пауер“.

Со гол од пенал, Калверт Луин ги донесе гостите во водство во 15’, по што следуваше период на притисок на домашните и два гола за целосен пресврт. Напрво Сојунчу во 22’ погоди за 1:1, а потоа во 33. минута Лестер дојде до пресврт со голот на Варди на асистенција на Медисон.

Во судиското надополнување, Лестер доби и пенал по игра со рака на еден од гостинските играчи, но Медисон ја испрати топката директно во рацете на Пикфорд.

Во 54. минута „карамелите“ се вратија за ново реми со голот на Ајвоби.

Евертон остана претпоследен на табелата, додека Лестер е 16-ти со само бод повеќе.

ПретходноБаерн (М) и Манчестер Ј. се „степаа“ за Коло Муани
СледноЈокиќ сам го уништи Феникс, на трибините го чекаше неговата најголема награда (ВИДЕО)