Ливерпул едвај чека да заврши оваа разочарувачка сезона во која можат да останат и без Лига Европа. „Црвените“ веќе размислуваат како во новата 2023/24 сезона. Се гледаат засилувања, а според британските медиуми од „Енфилд“ го побарале 19-годишниот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.
А Бенфика веднаш со реакција околу талентираниот играч – нема да прифати помала сума од 77 милиони фунти. А за „Црвените“ тоа се премногу пари за играч кој се уште се нема афирмирно, поточно не сака да се „коцка“.
Антонио Силва има и три настапи за сениорската репрезентација на Португалиј, а за првиот тим на Бенфика заигра во 2022 година и до сега има вкупно 39 натпревари од кои 25 во португалскиот шампионат.
Дома Меѓународен фудбал Англија Ливерпул сака 19-годишен стопер на Бенфика, а Португалците им побарале 77 мил....