Милан Ристовски со Спартак Трнава го освои Купот на Словачка

302

Фудбалерите на Спартак Трнава во чии редови настапува и нашиот репрезентативец Милан Ристовски попладнево го одбранија трофејот во Купот на Словачка. Во понеделничкото финале тие го победија Слован Братислава со 3:1 по продолженијата на својот стадион и успеаја да го потврдат минатогодишниот успех.

Спартак го освои трофејот во купот по четвртипат во ерата на независноста на Словачка, откако тоа го направи и во 1998, 2019 и 2022 година. Благодарение на триумфот во купот, Ристовски и неговите соиграчи обезбедија пласман во 2. прелиминарно коло од УЕФА конференциската лига.

Ристовски влезе на теренот во 72. минута.

ПретходноАртета лично ќе ги предводи преговорите со Деклан Рајс
СледноЛестер го продава Медисон за 45 милиони фунти