Нашите тренери интернационалци: Катастрофа на Седло, нова брука на Мрме!

12855

Лош, ајде да не кажеме некој погрд збор, викенд за нашите тренери интернационалци. Пред се за Гоце Седлоски и Игор Ангеловски – Мрме, и двајцата шампионски тренери во ПМФЛ со Вардар, Шкупи и Работнички, двајцата кои ја воделе нашата А-репрезентација, Седло како В.Д.

Имено Седлоски вчера со својата Влазнија, во рамките на првенството на Албанија, беше поразен со 0:4 од Егнатиа. Ова е најтешкиот пораз на Седло во својата тренерска кариера и тоа остварен на домашен терен.

По мечот нашиот стратег едноставно немаше зборови како тоа му се случило, откако беше прашан од страна на новинарите.

Што се однесува до Мрме, нова брука. Човекот си реди порази. Не знае за победа цели две години, и тоа од 4 јуни 2021 година против Казахстан и тоа како селектор на Македонија и тоа на пријателски меч, оној кога се “загревавме“ за ЕП.

Последна негова „официјална“ победа беше со Германија на гости и тоа остварена на блескав начин со 1:2 и тоа среде Дуизбург, добро се сеќаваме, таа беше остварена на 31 март 2021 година.

Мрме како селектор на Македонија, секако бивши, како тренер на Горица и како тренер на Каспиј, нема победа на 16 натпревари во низа.

Зарем? Некој ќе се запраша.

Викендов тој и неговиот тим Каспиј Актау, беа елиминирани во 1/8 финалето на Купот на Казахстан и тоа од второлигаш.

На крај да го споменеме и Димитар Капинковски, кој со својата Самтредиа дома загуби од Динамо Тбилиси во првенството на Грузија со 0:2.

Значи лош, ужасен викенд за нашите тренери интернационалци.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 30.КОЛО: Алварез е фудбалски велемајстор
Следно29 години без НАЈГОЛЕМИОТ, без Аиртон Сена! (ВИДЕО)