Ристовски: Овој ми е најслаткиот трофеј во кариерата, му го посветувам на Адеми

716

Динамо Загреб ја завери шампионската титула во Хрватска. „Модрите“ имаа турбулентна сезона, останаа без капитенот Аријан Адеми кој направи трансфер во Кина, потоа го сменија тренерот, Анте Чачиќ замина и беше донесен Игор Бишчан кој ја доврши сезоната и ја донесе титулата.

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски го поствети овој трофеј на својот голем пријател Адеми и облече сина маичка со бројот 5.

Возбуден сум. Им честитам на моите колеги и на целиот клуб на тешката сезона. Имавме многу проблеми, ни замина Адеми кој исто така е заслужен за овој трофеј. Горд сум затоа што ова е еден од моите најслатки трофеи во кариерата“, рече Ристовски.

Во еден момент бевме преплашени, кога си замина капитенот, па се повредија неколку играчи, тоа беше многу тежок период. А моравме да победуваме, тука нема простор за неуспех. Меѓутоа издржавме и покажавме дека сме најјаки“, додаде нашиот бек.

 

ПретходноСтанковиќ го напушта бродот што тоне – Сампдорија по 12 години ќе се сели во Серија Б
СледноЛиверпул сака 19-годишен стопер на Бенфика, а Португалците им побарале 77 мил. фунти!