Тимот на Динамо Загреб на чело со нашиот Стефан Ристовски, синоќа со ремито 0:0 на гостувањето кај Хајдук Сплит, обезбеди уште една шампионска титула во домашниот шампионат.
Големото славје стартуваше уште на стадионот Пољуд, па продолжи на патот кон Загреб. Колоната навивачи популарните Бед Блу Бојс ги чекаа своите миленици, и ги дочекаа на сред автопат. Средбата беше фантастична, играчите излегоа од автобусот, на чело со Ристовски и почнаа да навиваат заедно.
Глетката спектакуларна, за пример, како треба да се однесуваат и навивачите и играчите на еден екстра успешен клуб.
View this post on Instagram