Стеф Кари постигна 50 поени, Голден Стејт се пласира во полуфиналето на плеј-офот

207

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Сакраменто Кингс како гости со резултат 120:100 во седмиот натпревар од првата рунда на плеј-офот во Запдната конференција во НБА лигата. Брилјираше Стеф Кари кој постигна 50 поени, со осум скокови и шест асистенции и стана играч со најмногу постигнати поени во седмиот меч од плеј-офот на НБА лигата во целата историја.

Голем допринос даде и Кевин Луни со 11 поени и дури 21 скок од кои 10 офанзивни и 11 дефанзивни.

Најефикасен кошаркар во редовите на Кингс беше Домантас Сабонис со 22 поени.

Во полуфиналето на Западот, Вориорс ќе играат против Л.А. Лејкерс.

ПретходноНекогашниот шахист на Алкалоид е нов светски првак!
СледноСтанковиќ го напушта бродот што тоне – Сампдорија по 12 години ќе се сели во Серија Б