ТИМ И ИГРАЧ НА 30.КОЛО: Алварез е фудбалски велемајстор

324

Вчера и завчера се одиграа сите натпревари од 30.коло во ПМФЛ. Имаше неколку интересни мечеви, но сепак дербито се одигра во Кратово каде Шкупи на крилјата на феноменалниот Фреди Алварез дојде до 0:2 и стави печат на третата позиција и пласманот во Европа.

Посебно треба да се истакне прекрасниот гол од слободен удар на фудбалскиот мајстор од Костарика, како и одличната игра во Кратово од негова страна. Токму затоа е играч на колото.

Покрај него во тимот на колото според „Спортмедиа“ се и Талески, Цаке, Чинари (Шкендија), Деспотовски, Велкоски (Работнички), Радиќ, Ибраими и Малески (Струга ТЛ), како и Омерагиќ и Тодоров (Скопје).

ИГРАЧ НА КОЛО
ФРЕДИ АЛВАРЕЗ 

Тим: Шкупи

Роден: 26.04.1995 во Костарика 

Кариера: Саприса, ЦС Уругвај, УЦР, Депортиво Мунисипал, ЛД Алајулиенсе, Хередиано, АДР Џиракал, Шкупи.

 

ПретходноЏо Кол: Му го понудив Ферарито на Мурињо за нов договор со Челзи
СледноНашите тренери интернационалци: Катастрофа на Седло, нова брука на Мрме!