Томовски: Гоце, беше наша чест и задоволство да играме со тебе!

206

Мартин Томовски беше на ниво на задачата против Турција. Македонскиот репрезентативен голман зад своето име запиша 16 одбрани и покажа дека мрежата на националниот тим ќе биде сигурна и во иднина.

Томовски призна дека потешко од очекувањата ја победиле Турција, но на крајот пласманот на ЕП и победа се бројот. Тој, јавно му се заблагодари на Гоце Георгиевски за несебичното споделување на неговото искуство, совети и сето она што го има направено за Македонија.

„Убаво е што успеавме да се квалификуваме на ЕП со победа на последниот меч. Беше потешко отколку што очекувавме, но Турција е сериозен противник, го промени составот и со подобар тим дојде во Скопје. Ние, ќе мораме да напредуваме за да можеме да ги оствариме нашите цели. Сакам да му се забалагодарам на Гоце Георгиевски за сѐ што има натпревано за македонската репрезентација низ годините. Првенствено како човек, личност, а потоа и како спортист. Беше наша чест и задоволство да се дружиме, да тренираме и да играме заедно, да слушаме совети од една личност каква што е Гоергиевски. Ти благодариме за сѐ“, изјави Мартин Томовски, голманот на македонската репрезентација.
ПретходноХаланд стигна до 50 гола и урна рекорд стар 92 години!
СледноЏо Кол: Му го понудив Ферарито на Мурињо за нов договор со Челзи