Халанд стигна до 50 гола и урна рекорд стар 92 години!

305

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд е најмладиот фудбалер со 50 гола во една сезона во сите натпреварувања – последен пат ваков ефект имал Том Варинг пред 92 години во сезоната 1930/31.

„Знам за рекордот. Кога бил поставен претходниот Винсон Черчил се уште не бил премиер. Тоа беше пред многу, многу години. Импресиран сум од Ерлинг. Тој успеа да го урне“, изјави Гвардиола.

Од 50-те гола, Халанд има 34 во Премиер лигата. Со оглед на тоа дека Сити има уште натпревари до крајот на сезоната Норвежанецот може драстично да го подобри овој рекорд – дури и да го достигне апсолутниот на некогашниот англиски голгетер Дикси Дин од сезоната 1927/28 кога постигнал 63 гола.

ПретходноМитев скромен: Победата е заслуга на сите во тимот!
СледноТомовски: Гоце, беше наша чест и задоволство да играме со тебе!