Поранешниот фудбалски ас на Челзи, Џо Кол откри дека се обидел на тогашниот клупски менаџер Жозе Мурињо да му го продаде своето Ферари во замена за нов договор. Португалскиот тренер ја одбил понудата.
Кол помина седум години на „Стемфорд Бриџ“, а пробал да издејствува нов договор со лондонскиот клуб преку Мурињо.
„Само еднаш во кариерата купив луксузен автомобил. Тоа беше Ферари Скаљети во 2006 година. Тој модел беше редок и продавачот ми рече дека сум имал среќа што сум го добил. Кога го виде на паркингот во тренинг центарот на Челзи, Жозе Мурињо ми кажа дека сака да го откупи. Ми реков дека ќе му го продадам под услов тој да им каже на раководните луѓе во Челзи да ми дадат нов договор. За жал, не го склопивме тој договор“, изјави Кол.
Мурињо на крајот на сезоната 2006/07 доби отказ, меѓутоа Џо Кол остана уште три години и потоа премина во Ливерпул, па во француски Лил, па во својот стар клуб Вест Хем.
Се пензионираше во 2018 година и работи како фудбалски аналитичар на БТ Спорт.